January 16, 2021 07:34
Хроника

Кичевец дилал хероин со скутер, го фатиле „жив“

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(30) од Кичево.

На 25.11.2020 на ул.„Прилепска” во Кичево, при извршен преглед на мотоцикл „скутер”, без регистраски ознаки, управуван од пријавениот, биле пронајдени и одземени 38 пакувања хероин и три пакувања марихуана.