June 18, 2019 15:26
Македонија

Китанов: Груевски склучувал со Синохидро три пати поскапи договори отколку актуелната влада

Директорот на Јавното претпријатија за државни патишта, Зоран Китанов во денешното гостување во емисијата Отворено на 1 ТВ, обелодени дека актуелната влада со кинеската компанија Синохидро склучувала договори кои се со драстично пониски цени во споредба со сумите што компанијата за истите позиции ги инкасирала од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Китанов, Синохидро на тендер за патниот правец Крупиште-Кочани понудил 574 денари за тампон од дробен камен, додека истата позиција за автопатската десница Миладиновци-Штип вредела 2.202 денари по кубен метар. За набавка, транспорт и изработка на битуменизиран долен носив, за Крупиште-Кочани сега била постигната цена од 55 денари, додека своевремено за Миладиновци-Штип оваа услуга чинела 107 денари по сантиметар.

За набавка, транспорт и изработка на полимер асвалт-бетон сега ќе бидат потрошени по 70 денари од сантиметар, а порано за време на друга влада, за друга делница, но за истата позиција, биле потрошени 185 денари.

Инаку, треба да се истакне финансиската конструкција за Миладиновци-Штип се градеше според договор со кредиторот, кој ја условуваше ниската каматна стапка со избор на изведувач по пат на преговори во 4 очи, додека цените за Крупиште-Кочани се постигнуваат на тендерска постапка.

Нови вести

Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот

Igor

Арсовски: Ако некој треба да си оди од Владата, тоа е Зоран Заев

Igor

ДОМ: Законот за Национален парк Маврово би ја спречил изградбата на хидроелектрани

zane