April 2, 2020 17:00
Скопје

Кисела Вода ја разеленува својата територија

Општина Кисела Вода продолжува да ја разеленува својата територија.

За таа цел, денеска Општината на празните тревни површини на повеќе локации сади листопадни дрва, елки и декоративни зимзелени садници од родот Туја.

Активностите за разубавување на Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат и во текот на утрешниот ден.