July 23, 2019 14:00
Скопје

Кисела Вода го чисти сметот по целата должина на бул. Борис Трајковски

Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена” изврши голема акција за целосно расчистување на сметот по целата должина на бул. Борис Трајковски. Покрај ова, по должината на булеварот беа искосени и нараснатите тревни површини. За успешно спроведување на активностите со кои беа собрани 6 тони смет и песок, Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита ангажираше 38 сезонски работници и еден камион. Во акцијата ЈП „Комунална хигиена” вклучи повеќе од 10 работници.

Нови вести

Жителите на Дебар Маало се жалеле на бучавата, „Самерленд“ ќе завршува еден час порано

Valentina

Започна реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин

Valentina

Ќе се изработи Катастар на зеленило во Општина Кисела Вода

Igor