February 21, 2020 07:57
Скопје

Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар – Скопје хортикултурно ги уредува дворовите на училиштата

Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар – Скопје и СУГС „Браќа Миладиновци” спроведува активности за хортикултурно уредување на дел од дворовите на училиштата и градинките.

Учениците од ветеринарната струка од средното училиште, дел од вработените од Општината и волонтерите од Волонтерскиот центар, акцијата за разубавување на дворовите денеска ја стартуваа од општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња”. Тие во насока на зачувување на животната средина од стари автомобилски гуми создаваат саксии за нови садници и фигури за игра, кои ќе им помогнат на децата во психомоторниот развој.

Во периодот што следува гумите офарбани во различни бои ќе направат попријатен амбиент во ООУ „Кузман Јосифовски Питу” и во објектите на ЈДГ „Весели Цветови”, „Синоличка” и „Мимоза”.

Покрај ова, со активностите ќе биде опфатено и расчистување на сувите лисја од дворовите.

На предлог на локалната самоуправа во акцијата вклучени се и дечињата со аутизам.