Спорт

Кирјиос и Гаске ги откажаа настапите на Мастерсот во Монте Карло

Ник Кирјиос без посебно образложение го откажа својот настап на Мастерсот во Монте Карло.

25-годишниот тенисер, кој во јавноста повеќе е познат по своите испади на терените и контроверзните изјави, отколку по одличните игри, од Мастерсот во Монте Карло се повлече наводно поради повреда, но многумина сметаат дека не ја кажува вистината.

Познато е дека земјената подлога не негова омилена, а својот последен меч на таква подлога го одигра пред две години во Рим.

Без настап на овој Мастерс остана и искусниот Ришард Гаске, па нивните места ќе ги заземат  па Џордан Томпсон и Пабло Андухар.

Мастерсот во кнежевството ќе се игра од 11 до 18 април, а учество најавија Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

AnimeTV watch anime online: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 6 (https://animetv.cc/m/OVGW/ep-6)

4Anime dubbed anime: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 6