September 23, 2019 18:22
Македонија

Кирацовски пристигна во Обвинителството на распит за „Рекет”

Пратеникот Александар Кирацовски претпладнево дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со случајот „Рекет”.

На влегување во Обвинителството, Кирацовски рече дека е повикан како сведок и оти по распитот ќе даде изјава за медиумите.

Исказ за „Рекет” во Обвинителството, вчера даде пратеничката Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Во врска со „Рекет” осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Нови вести

Георгиева: ВМРО-ДПМНЕ трошеше на лажен барок, шмизли, жални врби и палми, Владата предводена од СДСМ гради и реконструира патишта

Igor

Претседателот Пендаровски на почетокот на проектот „Лице в лице со Претседателот” во посета на општина Велес

Igor

И македонската делегација во акција на Генералното собрание на ОН за заштита на планетата

Igor