Македонија

Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Изборниот ден помина во исклучителна мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристално чист прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори, како што доликува на држава, идна членка на НАТО и ЕУ, оцени Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Истакна дека очекува првичните резултати кои би можело да бидат познати после девет часот да покажат дека во првиот круг кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата е победник.

– Им честитаме на граѓаните. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин со што покажаа демократска зрелост и одговорност пред општеството и пред државата, рече Кирацовски.

Нагласи дека позитивната, фер и демократска атомсфера која била одлика на кампањата продолжила и денеска на сите избирачки места во целата земја.

-Република Северна Македонија спроведе мирни, фер, слободни и демократски избори. Институциите со сите свои капацитети овозможија изборите да поминат во најдобар тек што е многу важно за нас како држава која многу скоро ќе ги отпочне прегоорите ос ЕУ, рече Кирацовски.

Нагласи дкеа очекува оваа атмосфера да продолжи и во кампањата што претстои и во вториот круг и на 5 мај кога ќе се гласа за оние двајца што ќе добијат најмногу гласови во првиот круг.

Според информациите што предмалку ги добил од ДИК, веќе има над 42 отсто излезност во првиот круг.

Додаде дека согласно насоките на ДИК и согласно Изборнот законик, сите оние што биле вклучени во изборниот процес добиле инфорамција на кој начин треба да се однесуваат, одговори Кирацовски на прашањето дека некои медиуми биле спречени да снимаат на одредени избирачки места.

Нови вести

Антикорупциска иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук

Valentina

Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Daniela

Доделени десет стипендии за талентирани средношколци и студенти

Daniela