January 17, 2019 12:30
Македонија

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ бара антикорупциска да нема увид во сметките на функционерите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во криминали и корупциски скандали, го кочи изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на коруцијата, изјави на прес-конференција, Александар Кирацовски од СДСМ.

Тој подвлече дека СДСМ е за суштинска борба против корупцијата, додека опозицијата е за декларативна, лажна и наводна борба против корупцијата.

Ги следиме препораките на ЕУ која даде многу позитивно мислење за предлог законот и затоа Законот ќе оди со европско знаменце во Собранието. Македонија ќе добие силно независно регулаторно тело кое суштински, а не деклараторно, ќе застане и ќе се спротистави на корупцијата во нашата земја. Така се гради држава по европски стандарди“, рече Кирацовски.

Додаде дека дека да сакале вистинска броба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ немало да бидат против тоа ДКСК да има ингеренции во делот на финансирањето на политичките партии.

Да се залагаа за вистинска борба со корупцијата ВМРО-ДПМНЕ немаше да бара Комисијата да нема директен увид во сметките на функционерите. Не може да има вистинска борба против корупцијата доколку ДКСК, како независна институција која е надвор од извршната власт, не ги контролира сметките на избраните функционери. За да ја ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага и формирање на некаков Национален совет“, додаде пратеникот од владејачката партија.

Related posts

Претседателот Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

24news

По три години, успешно трансплантирани бубрези од починат донор

24news

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Ivona