January 22, 2021 23:00
Спорт

Кин: Фудбалерите на Тотенхем не се доволно добри да ја освојат титулата

Поранешниот играч за врска на англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед, Рој Кин ги сподели своите размислувања за шансите на Тотенхем да ја освои титулата во Премиер лигата.

– Мурињо има направено нешто слично и претходно. Тој има фантастична биографија. Сепак, не мислам дека играчите што ги има во Тотенхем не се доволно добри за да ја земат титулата. Тие имаат дополнителен адут во лицето на Мурињо и Кејн, но мислам дека не е доволно. На крајот од натпреварот против Челзи, тие издржаа со последните  сили. Да, Тотенхем мора да има многу добра сезона, но многу добра сезона и борбата за титулата се две различни работи. Манчестер сити е посилен од Тотенхем, изјави Кин.

Тотенхем по 10 кола во Премиер лигата е на делба на првата позиција со Ливерпул. Двете екипи имаат по 21 бод.