January 30, 2023 02:15
Спорт

Кин: Белингем ќе биде суперѕвезда, тој веќе игра како да има 100 настапи за Англија

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин го оцени настапот на Џуд Белингем во осминафиналето на Светското првенство 2022. На овој меч Англија го победи Сенегал со 3:0, а 19-годишниот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд направи асистенција.

– Кога работите стануваат тешки, потребен ви е играч од средниот ред кој може да направи магија и тоа е она што го направи Белингам. Брилијантно. Тоа е она што го сакате од играч од средниот ред: моќен, силен, со визија и малку среќа. Тој ќе стане суперѕвезда. Овој збор го користиме постојано, но погледнете ја неговата зрелост. Тој игра како веќе да има одиграно 100 натпревари за Англија. Одамна не сум видел млад играч од средниот ред да игра вака. Импресионира со неговата зрелост, неговото одлучување, изјави Кин за „ITV Sport”.

Англија во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се соочи со Франција.