January 25, 2022 05:56
Свет

Кинески ровер истражува мистериозен објект на темната страна на Месечината

Кинескиот ровер „Јуту-2“ ја истражува темната страна на Месечината од 2019 година и сега се сконцентрира на чуден објект во облик на коцка што го забележа во далечините.

Ендрју Џонс, новинар кој известува за кинеската вселенска програма, во петокот во серија твитови ја информира јавноста за најновите информации од роверот. Името за објектот во облик на коцка се преведува како „мистериозната куќа“.

Тимот кој стои зад роверот планира да го приближи роверот до коцката и да ја испита одблиску.

Погледот на коцката е матен и далечен, па природата на предметот треба да стане појасна со приближувањето на роверот. Најверојатното објаснување е дека е голем камен.

Кинеската мисија „Чанг’е-4“ е првото истражување на површината на темната страна на Месечината. Работата на роверот им помогна на научниците да дознаат што се случува со геологијата под површината на Месечината.

Кинескиот ровер е на соларно напојување, па одвреме-навреме хибернира.

Според кинеските медиуми, роверот веќе пропатувал 840 метри низ Месечината, а следното патување треба да ни разјасни што е „мистериозната куќа“.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 8

animes online GoGoAnime Pokémon Journeys: The Series

free anime Attack on Titan Season 3

GoGoAnime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 5

gogoanimeio One Piece