November 26, 2020 05:32
Свет

Кинески град за коронaвирус тестираше 7,5 милиони луѓе за само три дена

Повеќе од 7,5 милиони луѓе биле тестирани за коронавирус во источниот кинески град Кингдао за три дена, објавија денеска локалните власти.

Масовното тестирање во градот започна откако беа забележани десетици инфекции за време на викендот. Сите случаи се поврзани со локалната болница. Целта е да се тестира цел град со девет милиони жители за пет дена.

До денеска наутро биле обработени повеќе од четири милиони тестови и досега не биле откриени нови случаи, соопштија властите. Властите го користат методот „здружување на примероците“. Тие собираат индивидуални примероци од жителите, а потоа истовремено обработуват по 10 примероци.

Вухан, градот каде минатата година за првпат се појави коронавирусот, го користеше истиот метод за да тестира девет милиони луѓе за 10 дена во мај кога се појави нов случај.

Доколку резултатот од ваквото тестирање е позитивен, сите 10 жители ќе бидат известени и ќе треба да се направат индивидуални тестови, објави локалната здравствена комисија.

Освен кластерот во Кингдао, Кина во последните неколку недели бележи само увезени инфекции со коронавирус.