February 2, 2023 03:44
Свет

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција Лу Ша.

„Не. Мислам дека на Русија не и треба кинеско оружје“, рече амбасадорот во интервју за телевизијата БФМ, одговарајќи на прашањето дали Кина ја снабдува Русија со оружје.

Вчера тој истакна дека Кина држи неутрална позиција во однос на конфликтот во Украина и дека се залага за негово мирно решение.

„Сакаме мир. Нашиот став за Украина е унапредување на преговарачкиот процес“, додаде Ша,пренесе Танјуг.