August 21, 2019 15:42
Свет

Кинеските дигитални пари наскоро во оптек

Кинеската национална банка објави дека нејзините виртуелни пари наскоро би можеле да се најдат во оптек.  Кинеските дигитални пари – ChinaCoin, нема да бидат класична криптовалута, бидејќи ги разви Кинеската национална банка со поддршка на комерцијалните кинески банки, така што не функционира како биткоин и слични валути.

Кинеската народна банка најави дигитална валута како голема работа за готовинските трансакции во Кина. Станува збор за дигитални пари кои ќе ги емитуваат банките под контрола на државниот апарат, на потполно ист начин како што во оптек го пуштаа јуанот, само што овие пари нема да се печатат.

Со оглед на прилично големата блокада на информации што доаѓаат од Кина, деталите за овие дигитални пари сè уште не се познати, додека причината за потегот на Кинеската национална банка се бара во незадоволството од дел од кинеската економија поради „пореметувањата на пазарот на пари предизвикани од криптовалутите“, односно шпекулантите кои тргуваат со нив.

Втората причина е обидот на Пекинг да развие систем на дигитални пари што може да го контролира и со тоа да ја намали нејзината зависност од странската технологија.

Нови вести

(Видео) Пијан Русин се заканувал дека ќе фрли бебе од трети кат, полицаец успеал да го спаси

zane

Со 1.900 полицајци, Берлин почна масовни рации против трговијата со луѓе

zane

Соборен американски дрон во Јемен

zane