Македонија

Кинеските вакцини ќе пристигнат во Македонија на 28 април

Пристигнување на околу 200.000 вакцини од кинеската Синофарм е највено за 28 април. Оваа информација министерот за здравство Венко Филипче денеска ја добил од амбасадата на Кина.

-Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега, изјави Филипче.

Македонија засега не планира да нарачува вакцини од српскиот институт Торлак каде вчера почна да се произведува руската вакцина Спутник В, од каде првите количини ќе почнат да се испорачуваат во првата половина на јуни. Филипче рече дека засега не ни требаат нови нарачки, бидејќи според планот веќе на хартија имаме обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини, од Фајзер, преку Ковакс, руски Спутник, кинески Синофарм и Синовак и од ЕУ.

-На состанокот со директорката на „Торлак“, таа укажа на нивните можности и планови. Ни кажаа дека покрај тоа што приоритет ќе им биде нивната земја и граѓани, приоритет ќе бидат и соседните земји на Србија што сметам дека е добра политика. „Торлак“ е единствената фабрика во светот на фармацијата во регионот која има можност за стерилно производство на тие ампули во пакување како вакцините. Нема ниту една друга компанија која тоа може да го направи. Заега нема да нарачуваме, рече Филипче.

AnimeTV free anime: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (https://animetv.cc/m/x1Vw) Episode 12

ANIMEFLIX animeflix my hero academia: Bleach (Dub) Episode 366