August 12, 2022 01:19
Економија

Кинескиот увоз на руска сурова нафта во мај на рекордно ниво

Кинескиот увоз на сурова нафта од Русија во мај „скокна” на рекордно ниво, а Саудиска Арабија го изгуби статусот главен кинески снабдувач. Увозот на руска нафта, вклучувајќи ја и транспортираната со ЕСПО (нафтоводот Источен Сибир – Тихи Океан) и прекуокеанските пратки од руските европски и пристаништата на Далечниот Исток, изнесуваше во мај речиси 8,42 милиони тони, покажаа податоците на кинеската царина. Тоа е околу 1,98 милиони барели дневно и повеќе од априлскиот дневен просек од 1,59 милиони барели. Кинеските компании, вклучувајќи ги државната рафинерија Синопек и државниот Женхуа Оил, го зголемија купувањето руска нафта, привлечени од големите попусти, откако Западот воведе санкции против Русија.Царинските податоци објавени денеска покажаа и дека минатиот месец, Кина увезе 260.000 тони иранска сурова нафта.