November 14, 2019 13:28
Свет

Кина со обвинувања до „Епл” дека ги помага демонстрантите во Хонг Конг

Кинеските медиуми денеска го обвинија американскиот технолошки гигант „Епл” дека ги поддржува демонстрантите во Хонг Конг преку апликација за движење низ градот, во услови на зголемен притисок од Кина врз странските компании.

Исто така, НБА   и франшизата Хјустон Рокетс се критикувани во Кина за твитањето на комесарот за лига Адам Силвер во кој изрази поддршка за демонстрантите.

Весникот „Женмин жибао”, орган на владејачката Комунистичка партија на Кина, го обвини „Епл” дека дозволува употреба на апликација во Хонг Конг за да покаже на мапа каде се наоѓа полицијата.

Апликацијата HKMap.live е опишана како поддршка на „силеџии”. Поранешната британска колонија, Хонг Конг минува низ четвртиот месец политичка криза со скоро дневни и честопати насилни демонстрации.

Нови вести

Бројот на загинати во протестите во Боливија се искачи на 10

zane

Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

zane

Воени кучиња во Австрија го убиле водичот на кучиња

zane