January 20, 2020 22:16
Свет

Кина: Пазарот на вештачка интелегенција 11,9 милијарди долари до 2023 година

Се предвидува кинескиот пазар на вештачка интелигенција да достигне 11,9 милијарди американски долари до 2023 година, наведено е во новото издание на Белата книга.

Благодарение на поволните политики, годинава се очекува инвестициите во Кина во вештачка интелигенција да бидат околу 12 проценти од вкупните глобални инвестиции во таа област, што е за 64 отсто повеќе од лани.

Тоа ја направи Кина втор по големина пазар на вештачка интелигенција во светот, објави ЦРИ.

Според Белата книга, кинеските фирми годинава ги зголемиле своите инвестиции во технологија за вештачка интелигенција, што се применува во се повеќе области.

Кина, како што е наведено во таа книга, ќе се фокусира на услугите, здравството и телекомуникацискиот сектор кога станува збор за потенцијалните области за примена на таа технологија.

Нови вести

Двајца загинаа кога хеликоптер се урна вo двор на куќа во Пенсилванија

Valentina

УНЕСКО ги потсети САД дека се потписник на конвенција за заштита на културни локации

Filip

Ќерката на Сулејмани се закани на американските војници на Блискиот исток

Filip