September 19, 2019 13:09
Свет

Кина нема да учествува во разговорите Русија-САД за нуклеарно разоружување

Кина не планира во оваа фаза да учествува во трилатерални преговори за нуклеарно разоружување и контрола на оружјето со Русија и САД, изјави во четвртокот постојаниот претставник на Кина во ОН, Жанг Јун, пренесува ТАСС.

Тој зборуваше на итната седница на Советот за безбедност на ОН, свикана на барање на Русија и на Кина.

„Кина многупати јасно ја кажа својата позиција за преговори за контрола на оружјето. Во моментот, Кина не е заинтересирана за т.н. трилатерални разговори за контрола на оружјето и нема да учествува во нив“, рече дипломатот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и други американски официјални претставници постојано предлагаа вклучување на Кина во разговорите меѓу Москва и Вашингтон за нуклеарно разоружување и за контрола на оружјето.

Владата на САД инсистира на тоа дека можните нови договори за нуклеарни сили со среден дострел треба да го вклучат и Пекинг.

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane