February 26, 2021 06:14
Свет

Кина му честиташе на Бајден и повика на единство во меѓусебните односи

Кина денеска му честиташе на американскиот претседател Џо Бајден на преземањето на должноста и повика на „единство” во односите меѓу двете земји.

– Забележав дека претседателот Бајден постојано инсистираше на зборот „единство” во својот говор. Мислам дека тоа е токму она што ни треба сега во кинеско-американските односи, изјави за новинарите портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг.

Односите меѓу Кина и САД паднаа на најниско ниво во времето на претседателот Доналд Трамп, кој водеше трговска и технолошка војна со тој азиски гигант.

Портпаролката оцени дека Кина и САД треба да бидат храбри и мудри за да соработуваат.

– Тоа е обврска на Кина и САД, како две големи нации, но и меѓународната заедница се надева на тоа. Ако двете страни соработуваат, добронамерните ангели ќе надвладеат над злите сили во кинеско-американските односи, рече таа.

Хуа го поздрави враќањето на САД во Парискиот договор за клима и во Светската здравствена организација.

Watch Kaguya-sama: Love is War Season 2 (Dub) Episode 3 at website https://animeflix.nl. See more animeflix

Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/rgNP/ep-2) at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll 14 day free trial