October 15, 2019 23:50
Свет

Кина и САД во судир поради мисијата на ОН во Авганистан

Кина и САД не можат да постигнат договор околу резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за продолжување на политичката мисија на ОН во Авганистан. Пекинг би можел да стави вето, доколку во текстот не се спомене кинескиот глобален инфраструктурен проект „Еден појас, еден пат”, истакнаа дипломатски претставници.

Советот за безбедност требаше вчера да гласа за резолуцијата за мисијата УНАМА, но тоа е одложено за денеска со цел да се овозможи време за дополнителни преговори. Мандатот на мисијата завршува денеска, а за изгласување на резолуцијата се потребни девет гласови, и ниту една од петте постојани членки да не вложи вето.

Дипломатите очекуваат дека Кина ќе стави вето на резолуцијата, која е составена од Германија и Индонезија.

Мисијата на ОН е воспоставена во 2002 година и му помага на Авганистан во подготовки за избори и поддршка за придвижување на мировните преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците. Изборите се закажани за 28 септември.

Мисијата УНАМА се обновува секоја година со одлука на Советот за безбедност, а во изминатите три години резолуциите поддржувале проекти кои ја поттикнуваат трговијата и транспортот, како што е кинескиот проект „Еден појас, еден пат”.

Во март САД и западните земји се заложија тој дел да се отфрли од резолуциите, предизвикувајќи судир со Кина. Американскиот претставник во ОН ја осуди Кина тврдејќи дека резолуцијата е заложник на кинеските национални интереси, наместо да биде во интерес на народот во Авганистан. 

Нови вести

Најмалку 36 жртви на тајфунот Хагиби во Јапонија

Igor

Иран се нуди да посредува меѓу Курдите и Турците

Filip

Хонг Конг: Во метро станица фрлени молотови коктели

Filip