September 20, 2021 07:43
Свет

Кина испорачала 350 милиони дози вакцини за партнерите од иницијативата „Појас и пат”

Кина досега дистрибуирала 350 милиони дози вакцини против Ковид -19 на земјите што и се приклучија на Иницијативата за партнерство „Појас и пат” за соработка во областа на антивирусните вакцини, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Според кинеската медиумска група (ЦМГ), иницијативата беше покрената во јуни, на Азиско-пацифичката конференција на високо ниво за соработка „Појас и пат”, предводена од државниот советник и министер за надворешни работи, Ванг Ји.

-Кина активно ја спроведува Иницијативата. Постигнавме договор за соработка со земјите од иницијативата за вкупно 775 милиони дози вакцини, од кои 350 милиони дози се веќе испорачани, рече портпаролот на министерството.

Кинеските компании, исто така, почнаа заедничко производство со четири земји и во моментов разговараат за заедничко производство со други заинтересирани земји.

Кина, исто така, е подготвена да вложи заеднички напори со партнерите во рамките на иницијативата за промовирање правична распределба на вакцините во глобалната сфера и зголемување на достапноста на вакцините во земјите од „Појас и пат” и со другите земји во развој.