September 26, 2022 01:13
Свет

„Кина е секогаш на страната на мирот“

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји му рекол на својот украински колега Дмитро Кулеба дека мора да се поддржат сите напори кои водат кон мирно решение на украинската криза, објавија денеска кинеските државни медиуми.

„Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји“, рече Ванг Ји за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, пренесе Ројтерс.

Ји и Кулеба претходно разговараа преку видео-конференција во април годинава.