September 22, 2019 16:51
Свет

Кина го обвини „Федекс“ за нелегално испраќање оружје во Хонг Конг

Кинеските власти ја сомничат американската компанија „Федекс“, која нуди поштенски услуги во цел свет, за обид за незаконско испраќање ладно оружје во Хонг Конг, каде што се одржуваа масовни протести, пренесува „Саут Чајна морнинг пост“.

Како што се наведува, во една од филијалите на „Федекс“ во континентална Кина е регистрирана пратка со комплет нестандардни ножеви чија крајна адреса била во Хонг Конг. Според пишувањето на „Саут Чајна морнинг пост“, за продажба, производство и за купувањр такви ножеви во Кина е потребно посебно одобрување зашто спаѓаат во категоријата опасно оружје.

Пратката била запленета, а истрагата за случајот е во тек.

Во меѓувреме од „Федекс“ изјавија дека пратката била обработена во согласност со стандардните безбедносни процедури. Комапнијата тврди дека пратката ја испратилредовен клиент и дека притоа не биле прекршени никакви правила.

На крај пратката не стигнала до примателот, чиј идентитет не се наведува.

За потсетување, кон крајот на мај годинава, кинеските власти го обвинија „Федекс“ за неосновано пренасочување во САД на две пратки во кинеската компанија „Хуавеј“ на која САД ѝ воведоа санкции. Во средината на август, полицијата во кинескиот град Фуџоу покрена истрага за пратка во која имало огнено оружје, а која „Федекс“ ја доставиле од САД.

Нови вести

Израел почнува да им ја запира струјата на Палестинците поради долг

Filip

Танкерот Стена Имперо би можел да биде ослободен во текот на денов

Filip

Брод со 182 мигранти нема каде да се закотви

Igor