October 20, 2020 14:37
Свет

Кина вакцинираше десетици илјади луѓе со експериментална вакцина

Кина вакцинира десетици илјади свои граѓани со експериментална вакцина против новиот коронавирус и го привлече меѓународното внимание и покрај загриженоста на експертите за безбедноста на вакцината која не ги помина вообичаените фази на тестирање.

Кина започна вонредна програма за развој на вакцини против вирусот САРС-КоВ-2 во јули и нуди три експериментални дози развиени од лабораторијата на државниот фармацевтски гигант „Синофарм“ и „Синовак биотек“. Четвртата вакцина, зад која стои CanSino Biologics, беше одобрена од кинеската војска за употреба уште во јуни.

Пекинг не објави податоци за примена на вакцината на целните групи во земјата, како што се медицинскиот персонал, транспортните работници и работниците кои работат на пазарите за храна.

Кинеската групација „Синофарм“, која развива две вакцини и „Синовак“ потврдија дека досега се вакцинирани најмалку десетици илјади луѓе. „Синофарм“ соопшти дека доставила стотици илјади дози бидејќи една од нивните вакцини вклучува две или три дози за некое лице да се смета за вакцинирано.

Меѓу вакцинираните се извршните директори на „Синовак“ и „Синофарм“, шефот на воениот оддел за медицински истражувања и Гуижен Ву, експертка за биосигурност во Кинескиот центар за спречување и контрола на болести (ЦДЦ).

„Досега, од вакцинираните, никој не се разболе. Не забележавме несакани несакани ефекти“, рече таа, додавајќи дека барем една од вакцините ќе биде целосно подготвена за јавна употреба до ноември.