October 31, 2020 14:23
Свет

Ким Џонг Ун најверојатно нема да се обрати на Генералното собрание на ОН

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најверојатно нема да им се обрати на учесниците на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации преку видео врска, туку тоа ќе го стори севернокорејскиот амбасадор во ОН.

Поради пандемијата на коронавирусот, светските лидери ќе ги презентираат своите говори преку видео врска, но, според претставник на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Ким Џонг Ун најверојатно нема да биде меѓу говорниците.

Според јужнокорејската новинска агенцијаЈонхап, предвидено е Ким Сонг, амбасадор на Северна Кореја во ОН, да зборува на сесијата на 29 септември, последниот ден од општата дебата, што започнува во вторник.