April 21, 2019 08:50
Свет

Кикл: Актуелната состојба со азилантите е перверзна

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Херберт Кикл денеска, во рамки на состанокот на министрите за внатрешни работи во Букурешт, побара полесно да може да им се одзема статусот на азилантите кои ќе го прекршат законот.

– Потребни се нови правила на европско ниво за да не бидеме и натаму во актуелна перверзна состојба, во која мора да чекаме некој да направи нешто страшно, рече Кикл.

Според него, во уредбата за статусот на азилантите треба да се внесат конкретни кривични дела, како силување, крадење и слично, кои водат до одземање на заштитата.

Кикл  нагласи дека актуелната ситуација е незадоволителна и дека не може да продолжи сегашната состојба.

Тој, преку соопштение, рече дека ќе им претстави нов предлог на колегите, но притоа не даде детали.

Министерот за внатрешни работи на Австрија смета дека во ЕУ заштита треба да им се понуди само на оние лица кои ги почитуваат европските вредности и кои, на пример, како што рече, жените не ги третираат како своја сопственост.

Нови вести

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур- домот на највисокиот водопад во светот

Igor

Утре втор круг од претседателските избори во Украина

Igor

Уапсени 227 лица на протестите на ,,Жолтите елеци” во Париз

Igor