August 13, 2022 18:31
Спорт

Киерон Даер со месеци чека трансплантација на црн дроб

Поранешниот англиски репрезентативец, Киерон Даер открива дека веќе неколку месеци чека на трансплантација на црн дроб, и додава дека неговата зравствена ситуација е сериона.

43-годишниот Даер, кој имаше 33 настапи за англиската репрезентација, во кариерата играше за Ипсвич, Њукасл, Вест хем, Квинс парк ренџерс и Мидлзборо.

„Ако не добијам трансплантацијa, мојот црн дроб ќе откаже и тогаш нема да можат да направат ништо за мене. Постојано сум аморен, но не сум во супер-итната категорија, така што можеби ќе треба да почекам уште неколку месеци. Нема доволно црни дробови за транспантација. Свесен сум дека чекам нечија туѓа несреќа за да добијам шанса да живеам. Мојата најголема надеж е да го направам горд човекот чиј дроб ќе го добијам“, вели Даер за „Дејли мејл“.