February 24, 2020 11:46
Свет

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со Русија, кој е погоден од воени судири.

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна програмата оваа година заради забрзување на процесот за добивање државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск, каде во последните пет години има судири меѓу украинската војска и проруските бунтовници.

Украина се закани дека ќе го одземе украинското на оние кои ќе земат руско државјанство, а ЕУ најави дека нема да ги признава доделените руски пасоши.