Магазин

Кејт Бланшет: Се облекував како учителката на ќерка ми додека бевме во изолација

Кејт Бланшет е една од ретките холивудски ѕвезди со два „Оскари“. Оваа година се одбележуваат три децении од нејзината прва улога, на сцената во Сиднеј, наспроти Џефри Раш во „Олеана“. Потоа следеа низа улоги, „Господарот на прстените“, „Елизабета“, „Авијатичарот“ – навистина блескава кариера.

А во 2020 година, таа презеде една многу посебна улога, и никој од нас нема да ја види.

Тоа се случи затоа што нејзината седумгодишна ќерка Едит имала сериозни барања во врска со домашното школување во текот на т.н. локдаун.

„Воопшто не ми дозволуваше да ѝ предавам математика или фоника, освен ако не сум облечена како нејзината учителка и не го имитирам нејзиниот глас“, открива 52-годишната акерка. „Имав низа плишани животни кои исто така требаше да ги подучувам. Тоа не беше моја идеја, тоа беше барање од ќерка ми.“

Бланшет, исто така, откри дека нејзините обиди за домашно школување на сите нејзини четири деца довеле до ново сознание во текот на самоизолација.

„Единствената работа што ми падна на памет во тие денови беше колку се неверојатни наставниците. Тоа е само по себе драматична ситуација, кога треба да застанете пред одделение од 30 често незаинтересирани ученици и да се обидете да се занимавате со средновековна историја“.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Attack on Titan Season 3 Episode 8

Attack on Titan Final Season Part 2

animefreaks official website Gintama

Death Note Episode 29

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2