February 3, 2023 15:21
Свет

Керолин Каје ја напушта француската Влада по критиките дека не била доволно транспарентна за својот имот

Француската министерка за територијална кохезија Каролин Каје денеска соопшти дека поднела оставка од функцијата по јавните критики дека не била доволно транспарентна во изјавата за имотната состојба.

Претходно Елисејската палата ја потврди информацијата за оставката на Каје, без да наведе причина. Беше кажано само дека на таа позиција ќе биде Доминик Форе.

На почетокот на оваа година, Каје мораше да се извини по бранот критики по коментарите што поттикнаа повеќе од сто француски јавни личности да потпишат отворено писмо во кое ги осудуваат нејзините хомофобични забелешки. Каје беше именувана за министерка за територијална кохезија во новата француска влада формирана на 4 јули.

Сенатот тој месец ја праша дали таа се спротивставува на законот од 2013 година кој им дозволува на истополовите парови да стапуваат во брак и да посвојуваат деца. Новоизбраната министерка тогаш реформата ја нарече „каприц” и „план што оди против природата”.

Каје на почетокот стоеше на својот став, а потоа додаде дека има „многу пријатели меѓу таквите луѓе”. Два дена подоцна таа се извини за изјавата.