September 22, 2019 10:30
Спорт

„Кенгурите“ ги совладаа Французите, САД го реши Бразил по техничката на Петровиќ

Австралија ја победи Франција со 100:98. во најинтересниот дуел денеска на Мундијалот. Тоа беше директен дуел за првото место во групата Л, па Франција во четвртфиналето ќе игра против САД, која беше подобра од Бразил со 89:73 и го освои првото место во групата К.

Во крајно изедначен натпревар ( 24:23, 22:23, 29:25, 23:29) победникот беше решен 4,4 секунди до крајот кога Ендрју Албиси при резултат 99:98 за Австралија погешно ја изведе топката од аут, односно неговото додавање го пресече Пети Милс. Еван Фурние потоа направи фаул врз Митч Крик кој погоди едно од трите слободни фрлања за конечни 100:98. Кај поразените Фурние постигна 31 кош со шест скока и четири асистенции, а Арон Бејнс беше лидер кај „кенгурите“ со 21 поен и пет скока.

Американците се мачеа со Брзилците во првите две четвртини, но работите тргнаа кон подобро кога по неколку минути во вториот период Бразил остана без селектор откако хрватскиот стратег Ацо Петровиќ заработи втора техничка грешка и со самото тоа исклучување. Петровиќ не успеа да се воздржи и беше бесен кога во една прилика Варежао не доби фаул. Во тој момент тој влезе на паркетот и се расправаше со судиите и Донован Мичел после тоа мораше да се упати кон соблекувалната.

Бразилците, сепак, се држеа до крајот на полувреме кое селекцијата на САД го доби со 43:39. Во третата четвртина Американците успеаа да ја зголемат предност и овој период го завршија со +11. После тој период предноста на Бразил само растеше и Бразилците.

Американците беа предводени од Мајлс Тарнер (8 скокови) и Кемба Вокер(5 асистенции) со по 16 поени, а кај Бразил Бените беше најефикасен со 21 кош.

Четвртфинале:
Вторник:
Србија – Аргентина (13:00 часот)
Шпанија – Полска (15:00 часот)

Среда:
САД – Франција (13:00 часот)
Австралија – Чешка (15:00 часот)

Нови вести

Франција го чека победникот од дуелот Италија – Турција

Igor

Рикиардо ќе стартува од последната позиција во трката за ГН на Сингапур

Igor

Валверде: Јас сум виновен за лошите игри на Барселона

Igor