Спорт

Кемба Вокер нанижа 103 поени на два меча, нов пораз на „Денвер“

Девет натпревари и само една победа за гостите е епилогот на пресметките во НБА лигата. За издвојување е атрактивниот меч помеѓу „Њу Орлеанс Пеликанс“ и „Сан Антонио Спарс“, во кој домашниот тим постигна 140 поени, како и новиот дабл-дабл учинок на Лука Дончиќ во дресот на „Далас“ и неверојатната партија на Кемба Вокер од „Шарлот Хорнетс“.

Дербито го одиграа „Милвоки Бакс“ и „Денвер Нагетс“, а победата ја однесоа Јанис Антетокунпо и друштвото. Гркот во победата 104:98 забележа 29 поени и 12 скока, а веднаш до него беше Ерик Бледсо со 23 поени и по пет скока и асистенции. „Денвер“ го предводеше Никола Јокиќ со 20 поени, пет скока и пет асистенции.

„Милвоки“ се искачија на втората позиција на Истокот, додека „Денвер“ тоне на Западот. Откако забележаа само еден пораз во првите девет натпревари, Нагетс на последните седум натпревари имаат само една победа.

„Њу Орлеанс Пеликанс“ го наполнија кошот на „Сан Антонио“ и го добија мечот со 140:126. Пеликаните ги предводеше Џулиус Рендл со трипл-дабл од 21 поен, 14 скока и 10 асистенции. Најфикасни беа Ентони Дејвис со 29 и Ентван Мур со 24 поени. Кај поразените најдобар беше Демар ДеРозан со 21 кош, шест асистенции и пет скока.

„Далас Маверикс“ се поразени во „Мемфис“ 98:88, а Лука Дончиќ запиша нов дабл-дабл. Словенецот имаше 15 поени и 10 скока, а двоен ефект забележа и Деандре Џордан со 17 поени и 20 скока. Екипата од Тенеси ја предводеа Мајк Конли со 28 поени и Марк Гасол со 17 поени и 15 скока.

Кемба Вокер е играч за кого се говори во НБА лигата. Откако бекот на „Шарлот Хорнетс“ постигна 60 поени против „Филаделфија“, две вечери потоа на „Бостон Селттикс“ им испорача 43 поени, 21 од нив во последната четвртина.

„Хорнетс“ славеа над „Селтикс“ со 117:112 и стигнаа до скор од осум победи и осум порази. „Бостон“ е на девет победи и осум порази.

Резултаати од останатите атпревари:

„Детроит Пистонс“- „Кливленд Кавалирс“ 113:102
„Индијана Пејсерс“- „Јута Џез“ 121:94
„Филаделфија“ -„Феникс Санс“ 119:104
„Атланта Хоукс“-„ЛА Клиперс“ 119:127
„Сакраменто Кингс“- „Оклахома Тандер“ 117:113

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

AnimeHeaven Attack on Titan Season 3

Dragon Ball Z (Dub)

stream anime online Dragon Ball Super (Dub)

watch animes AnimeHeaven The Rising of the Shield Hero (Dub)

tải go88