January 24, 2020 09:47
Македонија

Кекеновски: Се јави од Будимпешта храбриот „Херој во Папучи“

Јове Кекеновски со контрастатус на Груевски.

„СЕ ЈАВИ ОД БУДИМПЕШТА ХРАБРИОТ ,,ХЕРОЈ ВО ПАПУЧИ”

Лажеше додека беше на власт, лаже и сега додека со папучи на нозете седи во некој удобен и топол апартман во братската му земја Унгарија и реагира на обвинението покренато за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
,,Херојов во папучи” наместо да собере храброст да се врати дома и да ја сподели судбината со неговите му некогаш верни слуги одработувачи и пред неговите довчерашни судии и обвинители да ја докаже неговата наводна невиност тој се распишал статуси и глуми ,,девица”.
А тоа што многумина од неговите веќе се на робија, а некои допрва и ке робијаат, за него и не е така битно. Важно е дека се уште е актуелен и од далечина преку партиските му верни челници и другите негови прислужници ги влече конците.
П.С. Се додека во Република Македонија трпиме премиери и лидери кои бесрамно лажат, крадат и остануваат неказнети, а ние им посветуваме внимание и им даваме гласови, се дотогаш нема да станеме нормална држава.“

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ е против отписот на каматите на долговите што ги имаат граѓаните, затоа на 12 април ќе доживеат нов пораз

Igor

ВМРО-ДПМНЕ: Режимот на Заев е недемократски, хибриден и коруптивен

Igor

СДСМ инвестира во иднината, по 3.000 денари месечно за младите работници вработени во производството и земјоделството

Igor