Македонија

Кекеновски: Помилувањата станаа инструмент на политичката моќ

Противењето за можната амнестија, за што се сложни и власта и опозицијата, е единствена шанса која мора да се искористи, истакна професорот Јове Кекеновски, гостувајќи во „Само вистина“. Тој додаде и дека помилувањата станале инструмент на политичката моќ. Според поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска,  Уставниот суд влева правна несигурност и изрази сомнеж за автентичното толкување од страна на пратениците за спорниот член 11-а.

Довербата во судството е одамна разнишана, оценија вечерашните гости во „Само вистина“, Јове Кекеновски и Маргарита Цаца Николовска. Николовска, во однос на најавениот ветинг, апелира Судскиот совет и Антикорупциската комисија да ги преиспитаат критериумите за судиите, додека пак, Кекеновски смета дека судиите по потреба само го менуваат дресот и жали што не наишла на поддршка идејата за генерален реизбор на судии.