February 24, 2019 04:45
Македонија

Кекеновски: Зошто СДСМ се плаши од избори и калкулира?

Професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, кој минатата недела поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за уботреба на јазиците, на својот профил на Фејсбук ја искритикува Власта зошто не се одважува да оди на предвремени парламентрни избори.

-Зошто СДСМ се плаши од избори и калкулира?

– Поради амнестијата на пратеници (терористи) кои беа ,,одоброволени” да гласаат за уставни измени;
– Поради селективната амнестија и законските измени со кои им озвоможија на дел од обвинетите и веќе осудени лица соработници на претходната власт да се спасат од изречените или казните кои ги очекуваат;
– Поради професионална девалација и моралната деградација што му се случи на СЈО благодарение на калкулантството на СДСМ;
– Поради индиректното влијание врз судиите и обвинителството при замената на мерките притвор со домашен притвор кај одредени обвинети личности;
– Поради промена на Уставот;
– Поради проширување на рамките на Законот за јазици;
– Поради изрежираното бегство на Груевски и неспособноста да се откријат и казнат виновниците за истото;
– Поради фактот дека животот стана неподнослив (повеќе од 75% сметаат дека економската и финансиската политика е лоша);
– Поради тоа што паролите ,,Живот за сите” и ,,Едно и еднакво општество за сите” станаа неподносливи флоскули за еднократна употреба и мајтапење;
– Поради тоа што бројчаникот почна да врти во обратна насока, кон џебовите на владеачката елита;
– Поради стравот опозицијата да застане зад чесен и праводољубив кандидат за претседател и можноста од негова победа на претседателските избори, а тоа да биде ветер во грб на опозцијата.
Едноставно стравот е поради тоа што народот согледа дека груевизмот се замени со заевизам.

ЗОШТО СДСМ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ И КАЛКУЛИРА?- Поради амнестијата на пратеници (терористи) кои беа ,,одоброволени” да…

Gepostet von Jove Kekenovski am Dienstag, 22. Januar 2019

Related posts

Променливо облачно со повремен дожд

24info

Искршени стакла на шест возила на УБК

Filip

Закани кон главниот сведок на судењето за Саздовски

Valentina