September 27, 2020 03:52
Македонија

Кекеновски за отфрлената кривична за ДИК: Невидена брука за ОЈО

Професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство да ја отфрли кривичната пријава која тој, како носител на листа на колицијата „Никогаш северна, само Македонија“ ја поднесе против претседателот и членовите на ДИК.

„Срамно и повеќе од неодржливо е образложението на ОЈО по повод мојата поднесена кривична пријава против претседателот и членовите на ДИК. Станува се појасно дека правосудниот систем во државата дополнително е руиниран и ставен во служба на владеачките партии. Како поинаку да се објасни неодржливото и крајно тенденциозно и полно со срамни и воопшто не превземени дејствија од страна на ДИК, а посочени во образложение на ЈО.

Уште посрамно е како тоа ОЈО се повикува на одредени членови од Изборниот законик, а не се обидува да го согледа фактот дека истата таа ДИК при пријавувањето на листите на кандидати на Коалицијата истите ги прифатила со името ,,Никогаш северна , само Македонија” и листите се потвредени од самата ДИК при што е потоа е извршено ждребање за редослед на гласачкото ливче под истото поднесено и прифатено име на коалицијата од страна на истата таа ДИК.

Невидена брука и злоупотреба на позицијата на надлежните фактори и институции. Токму поради овој очигледен обид за ослободување од одговорност и злоупотреба на службената позиција јас не застанувам тука, туку до крај ќе се борам за нанесената неправда на Коалицијата дури и пред европските институции. Повеќе сум од сигурен дека во скоро време ке ја исправиме неправдата и ке добиеме сериозна материјална и нематеријална сатисфакција, а за сите учесници во овој срамен чин и оваа срамно отфрлање на кривичната пријава во блиска иднина ке следува соодветна одговорност. Засега толку имам да кажам, а сите учесници нека не мислат дека си ја завршиле работата и се спасиле од одговорност поради тенденциозната и срамната злоупотреба на службената позиција и свесното прекршување и толкување на Изборниот законик.“