February 3, 2023 13:46
Македонија

Кекеновски: ЕХ ШТО СЕ ВРЕМИЊА или Првите кучиња во вода се фрлаат, а наредните се самопрогласуваат за јунаци

Пред десетина и повеќе години кога јас (Јове Кекеновски), Љупчо, Војо, Игор, Аце, Томче, Никола, Горан, Јанко Бургија и уште многу други наши сопартијци (се надевам дека нема да ми се налутат оние кои не ги споменав) кои преку ФРОДЕМ – Здружение на граѓани се бореа за демократизација на партијата и против партиските криминалци, злосторници и арамии, бевме сатанизирани до крајни граници, та дури и не прогласија и за најголеми непријатели на партијата и државата. Ние тогаш ниту се жалевме, ниту кукавме. Стоички и достоинствено издржавме, а времето покажа дека сме биле во право.
Сега гледам дека неколкумина се охрабруваат да кажат по некој полугласен збор или реченица за тоа како се однесуваат нивните сопартијци кон нив. За воља на вистината поголем дел од сегашниве кукумјавки, тогаш кога ние гласно критикувавме и укажувавме на девијациите и на немањето демократија, беа во одбрана на партиските арамии кои преку грбот на граѓаните и партијата станаа мултимилионери.
Се колнеа во нив, коленичеа пред нив, грабаа со нив и за нив и се натпреваруваа кој ќе каже попогрден збор за нас и мене.
И сега истите тие отлако малку се подисправија, ја подигнаа наведнатата глава и почнаа полугласно да кажуваат што им се случува во воментов. Замислете дури и се самопрогласуваат за херои, маченици борци за демократија, демек трпеле закани и навреди, биле вистинољубиви, чесни до немај каде.
Ццццццццццц дури сега прогледаа и се осколија.
Море марш у триста лепе гадинки бедни.