September 19, 2019 13:06
Македонија

Кекеновски: Доаѓање со адвокат на распит е сигнал дека нешто смрди

Случајот „Рекет“ во кој се притворени Бојан Јовановски, алијас Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, продолжува да ја бранува македонската јавност, па и пошироко повеќе од еден месец. Денеска главната ролја во овој скандал ја имаше специјалната обвинителка Катица Јанева, која беше повикана во Обинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ.

Она што го знаела и кажала зад затворени врати останува јавноста да го чека како одговор при расплетот на овој замрсен случај. Дополнителн сомнеж околу вмешаноста на Јанева се создаде во јавноста откако таа во придружба на адвокат, поранешниот јавен обвинител Стеван Павлевски, се одѕва на поканата од својата колешка во ОЈО, Вилма Русковска, иако беше повикана во својство на сведок.

-Да се дојде со адвокат на распит не е незаконски. Но, немам видено држава каде на распит во улога на сведок се доаѓа со адвокат. Покрај тоа станува збор за специјална обвинителка која се колне дека е чиста и чесна, а сепак си земала и адвокат. Ова е сигнал дека нешто од далеку смрди. Што е тоа, допрва ќе видиме и чуеме – вели професорот Јове Кекеновски, за 24 инфо.

Јанева пред новинарите на прашањата одговараше кратко и јасно, но беше советувана од својот правен застапник Павлевски да не одговара, бидејќи не е на распите пред љубопитните претставници на медиумите.

-И други обвинители беа повикани од СЈО на распит, но не дојдоа со адвокати. Симптоматично. Како некој од нешто се плаши. Ова е сигнал дека нешто се сака да спаси, ако може да се спаси – додава Кекеновски.

Останува да се види дали истрагата ќе биде проширена, а во неа опфатена и Јанева, чиј глас се слушна на аудио-снимките кои ги лиферуваше италјанскиот медиум Ла Верита. Може ли од сведок, специјалната обвинителка да стане осомничена при расчистувањето на целиот случај !?

Нови вести

Прекини во сообраќајот кај Пресека поради минирање

zane

Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите

Valentina

Мицкоски, дали Орце Камчев преку негови фирми ја финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Valentina