January 21, 2022 22:20
Uncategorized

Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари поради своето недолично однесување

Кевин Спејси ќе треба да плати речиси 31 милион долари на сметка на продуцентската куќа „Медија рајтс капитол” (Media Rights Capital – МРЦ), и серијата „Куќа од карти” на Нетфликс, во која тој глумеше пет сезони додека не беше отпуштен во 2017 година.

МРЦ вчера побара Врховниот суд на Округот Лос Анџелес „да ја потврди казната во своја полза и да донесе пресуда против Спејси” и неговите доверители и соработници. Глумецот и МРЦ со години се гледаат на суд откако тој беше отпуштен од продукцијата поради наводите за недолично однесување на и надвор од снимањата.

Во својот поднесок за отштетата, МРЦ наведува дека во октомври 2020 година, судските власти одлучиле дека Спејси „постојано ги прекршувал своите договорни обврски” додека го глумел Френк Андервуд во серијата, инаку наградувана и со „Еми” одличја и, дека „неговото однесување го направило (него и субјектите поврзани со него) одговорни” за милионски загуби за МРЦ.

Инаку, компанијата го суспендира Спејси по извештајот на Си-Ен-Ен од 2017 година, кога неколку сегашни и поранешни членови на продукцискиот персонал на „Куќа од карти” пројавија наводи за сексуално вознемирување.

„Безбедноста на нашите вработени, на сцената и во работните средини е од огромно значење за МРЦ и затоа решивме да се залагаме за одговорност”, соопшти продуцентската куќа.

Откако Спејси беше исфрлен, според наводите, МРЦ „морала да ја преработи целата последна шеста сезона за да го изостави ликот на Спејси и, да ја скрати од 13 на осум епизоди”, за да се запазат роковите за испорака. Како резултат на тоа, МРЦ претрпела парични загуби.

watch anime. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime One Piece (Dub)

free anime GoGoAnime Pokémon Journeys: The Series

anime sites Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

gogoanime1 GoGoAnime The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants (Dub)

anime online GoGoAnime DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO