October 17, 2019 01:02
Магазин

Кевин Спејси во ресторанот на Ноле пиеше ракија и јадеше ајвар

Славниот холивудски актер Кевин Спејси (60), кој во Белград пристигна од Израел на 6 октомври, вчера се шеташе низ Белград, го посети Калемегдан, а во вечерните часови и ресторанот на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ (32) во Нов Белград.

Актерот беше пречекан во ресторанот од најмладиот брат на Ноле, Ѓорѓе (24), со кого Спејси уживаше до 11 часот.

Холивудскиот актер јадеше ајвар и чорба, пиеше ракија и кисела вода и разговараше со Ѓоковиќ за филмовите, хуманитарната работа и диетата на Новак.

Иако првично се претпоставуваше дека Кевин Спејси дошол во Белград поради работа на таен проект, според  „Блиц“ причината за неговата посета не е од деловна природа. Тој всушност слушнал во Израел дека еден од најдобрите мартини се служи токму во Белград, по што купил билет и дошол во за него непозната земја.

Спејси не дошол со обезбедување и придружба како што прават повеќето холивудски ѕвезди, туку бил во друштво само на неговиот менаџер, Еван Ловенштајн.

Актерот денес ја напушти Србија и од аеродромот „Никола Тесла“ замина за Лондон.

Нови вести

Huawei ги претстави бизнис резултатите за третиот квартал од 2019 година

Valentina

За заситените гледачи телевизиски канал без вести за Брегзит

zane

Сестрата на Амал Клуни ја нарушува репутацијата на познатата адвокатка

zane