January 22, 2021 13:36
Магазин

Кевин Костнер покрена тужба против поранешен деловен партнер

Американскиот актер, продуцент и режисер Кевин Костнер го тужи поранешниот деловен партнер Џим Вилсон за 15 милиони долари откако овој, наводно, одбил да се откаже од своите права во компанијата која актерот се обидува да ја ликвидира.

Костнер проценува дека Вилсон заработил повеќе од 35 милиони долари во текот на нивната повеќегодишна соработка, која датира од кастинг-повикот во 1983 година што резултираше во прва главна улога на актерот. Костнер го донесе Вилсон како продуцент за „Танцува со волците“ (1990) што им донесе „Оскар“ за најдобар филм.

Следната година, Костнер го ангажираше Вилсон како извршен директор на ТИГ и му помогна да биде продуцент за филмовите „Телохранител“, „Вајат Ерп“, „Поштар“ и „Порака во шише“.

А во 1992 година, Костнер го повикал Вилсон да биде партнер во неговата продуцентска куќа Good Ones Production, но сега се обидува да ја затвори и да ги пoврати акциите на Вилсон во компанијата, според „Пипл“.

Меѓутоа, Костнер тврди дека Вилсон одбива да ги предаде акциите.

„Со оглед на тоа што Костнер и Вилсон не работеле заедно повеќе од 12 години, а Вилсон повеќе не е службеник на ТИГ, нема основа Вилсон да има уддел во Good Ones Production, стои во текстот на тужбата до која дојде магазинот „Пипл“.

Во тужбата се тврди дека Вилсон барал 500.000 долари за акциите и давал погрдни коментари за актерот.

Костнер сега го тужи Вилсон за измама, прекршување на доверба и неправедно богатење.

Watch Xie Wang Zhui Qi Zhi Yishi Qingcheng Episode 4 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll trial 30 day

Attack on Titan: Crimson Bow and Arrow (https://gogoanime.be/m/x1YG) Episode Full at GoGoAnime seven deadly sins gogoanime