April 20, 2021 19:03
Македонија

Кај околу 40 отстоод прележаните ковид пациенти се јавиле невролошки последици

Помеѓу 30 и 40 отсто од прележаните ковид пациенти имаат невролошки последици, истакна денеска директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов во гостувањето во Дневникот на Сител.

-Тоа е импозантна бројка со оглед на тоа колку милиони пациенти во светот се инфицирани. Кај нас бројката веќе помина 100.000 заразени и оздравени. Некои од компликациите се јавуваат во текот на инфекцијата. И знаеме губитокот на мирисот е првиот симптом на болеста кој е резултат на директна инвазија на вирусот на мирисниот нерв, кој понатаму се движи внатре во мозкот, во неговите јадра и на тој начин прави една инфекција блага на самиот мозок и на мозочните обвивки. Меѓутоа, таа инфекција многу често дава главоболки, дава вртоглавици, освен намалениот мирис што се сепак едни полесни, благи симптоми на ковид инфекцијата. Многу од пациентите се жалат на вртоглавици и главоболки за што можеме да кажеме дека е најчестиот симптом после изгубениот мирис, појаснува Барбов.

Меѓутоа, тој вели дека кај некои пациенти можни се и посериозни последици, како што е воспаление на мозокот и мозочните обвивки.

-Односно, појава на менигит и енцефалит кој е многу сериозна компликација. Некои од тие пациенти може и лошо да завршат, рече Барбов, појаснувајќи дека досега имало десетина пациенти со вакви последици.

Најголем дел, според него, се опоравиле, а само една пациентка починала на Инфективната клиника.

ANIMEFLIX animeflix plunderer: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (https://animeflix.nl/m/0eeb) Episode 12

KissAnime kissanime mobile: Assassination Classroom (Dub) Episode 22