Неексплодирана бомба од Втората светска војна утрово е пронајдена при ископувања во близина на железничката станица Прагерско, на околу 20 километри јужно од Марибор.
И тоа при реализација на проектот за надградба на локалниот железнички јазол. Бомбата тешка 200 килограми е деактивирана, соопшти полициската управа на Марибор, пренесе СТА.
За откривањето на бомбата полицијата била известена околу 10 часот, по што полициската патрола го обезбедувала теренот.
Националниот железнички оператор привремено го прекина сообраќајот меѓу Прагерско и Птуј, но не постоело директен ризик за луѓето.