September 22, 2019 16:56
Балкан

Кај Закинтос запленет брод во обид за шверцување мигранти

Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека запленила брод и уапсила две лица осомничени дека се обиделе да прошверцуваат 37 мигранти во Италија.

Крајбрежната стража наведе дека бродот што пловел под украинско знаме вчераутро бил запрен во Јонско море, северозападно од островот Закинтос, јавија американските медиуми.

Мигрантите се префрлени во пристаништето Закинтос, а бродот бил конфискуван.

Податоците за националноста на мигрантите не се соопштени.

Грчките власти соопштија дека истражуваат дали двајцата осомничени, идентификувани само како странски државјани на возраст од 35 и 49 години, се дел од меѓународен шверцерски канал.

Стотици лица и натаму секојдневно пристигнуваат во Грција од Турција надевајќи се дека ќе стигнат на север, во развиените европски држави.

Нови вести

Шатори за граѓаните кои по серијата земјотреси не се чувстуваат безбеди во домовите

Igor

Во Тирана и Драч оштетени околу 500 објекти

Igor

Анкета:Китаровиќ води во трката за претседател на Хрватска

Igor