Хроника

Кај еден од уапсените во вчерашната акција откриени евра украдени од банкомат

Како што информираше денеска МВР, во вчерашната акција на полицијата кај Кавадарци се уапсени шестмина, а запленети се и 200 килограми марихуана.

Станува збор за Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп и Г.К.(25) од Скопје.

Кај дел од приведените се пронајдени поголеми количества на пари, најмногу кај А.У., во чиј стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, а во стан во Битола се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели. Полицијата вчера извршила и контрола во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои А.У. соработувал.

Според МВР, осомничениот К.С. е полициски службеник и кај него е пронајдена поголема количина пари, при претрес кај М.З. пронајдени се два пиштола и куршуми, кај Д.Ј. пронајдени и одземени се мобилни телефони и сим картички, парични средства,а при негов личен претрес е пронајдена марихуана. Претрес бил извршен и кај М.С. во Битола, при што биле пронајдени парични средства и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат.

WCOStream wcostream dragon ball z: Watch One Piece Episode 843

KissAnime kissanime food wars: Attack on Titan Season 3 Episode 12