April 20, 2019 16:53
Живот

Кафе пред тренинг – што велат експертите?

Кафето најчесто го пиеме наутро за да се разбудиме подобро, но кофеинот игра важна улога и во вашиот режим на вежбање.

Тренерите и спортистите велат дека кофеинот ја продолжува издржливоста за изведување на вежбите за 5 до 20 минути, што значи дека шолја кафе пред тренинг е одличен избор.

Но, како и кога?

„На вашето тело му требаат јаглехидрати, масти и протеини за да го издржи тренингот. Ако сакате да се напиете кафе пред тренингот, немојте да го пиете наместо оброк, туку како дел од оброкот“, вели нутриционистка.

Фитнес инструктор вели дека добива доза енергија од шолја кафе, но ја пие 45 минути пред тренингот.

Истражувањата покажаа дека концентрацијата на кофеин во телото е најголема 45 откако ќе го испиете кафето. Од тој момент натаму вашето тело има најмногу корист од кофеинот, а потоа се намалува неговото дејство.

Важно е, секако, да не претерувате со кофеинот. Препораката од експертите на клиника е 400 мг дневно или 4 шолји кафе.

Нови вести

Тајна снимка: Вака изгледа масажа со среќен крај

24news

Ќерката на Шабан Шаулиќ прозборе за тестаментот на пејачот

24news

Софија ги помести границите на сексипилот- Најжешко издание досега

24news