November 14, 2019 00:35
Македонија

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“, во четвртокот беше пренесена во клиниката „Жан Митрев“ поради висок крвен притисок и влошена општа здравствена состојба. Таа е во притвор од 21 август.

Освен Јанева, во случајот „Рекет“ обвинети се и Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Според обвинението, Јанева ја искористила и ги пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.

Нови вести

Мицкоски се сретна со претставници на ММФ

Filip

Спасовски: Службата за разузнавање беше кревка, затоа ја реформиравме

Filip

Мицкоски се сретна со Хајко Мас

Filip