February 27, 2021 03:56
Спорт

Катастрофа на полувреме, Македонија има минус 14 против Египет

После лошото отворање на Светското првенство против Шведска денеска во 2. коло против Египет, Македонија го загуби натпреварот после само десетина минути и губи со 6:20.

Репрезентативците на Македонија одиграа добри 5-6 минути и тука како да застанаа. Дозволија противникот лесно да ги чита сите напади и да ги запира приодите кон голот така што тешко се доаѓаше до гол. После 5:3 со голот на Лазаров, кој беше 1.100 гол за Македонија на Светските првенства, цели десет минути беше заборавено на реализација.

Хендави успеа да одбрани неколку удари, неколку удари беа и непрецизни, па Египет во 15. минута веќе имаше 10:3. Конечно беше постигнат нов гол откако Пешевски успеа да искористиедна шанса и десет минути после третиот гол дојде до реализација и прекинувње на долгата пауза.

Тука се разигра Лазаров и брзо намаливме на 6:10, но во незгоден момент дојде исклучување на Филип Кузмановски. Тој не само што беше исклучен туку доби и црвен картон поради невнимателен старт во главата на противнички ракометар. Судиите Бонавентура уште еднаш се покажаа како престроги кога се работи за тим од Македонија.

Иако Томовски беше добар на голот, сепак, не се користеа шансите, па Египет одново успеа да дојде до седум позитива откако се влезе во нов лош период во кој немаше голови. Египет водеше со 13:6 така што беше загубен одново ритамот. Одново десет минути немаше погодок, па тоа донесе и 16:6, резултат кој најавуваше катастрофа.

До крајот немаше погодок за Македонија, но имаше нови четири примени, па на пауза се замина со 6:20. Лазаров постигна три, поцрвенетиот Кузмановски два, а Пешевски еден гол во првите 30 минути од средбата.

The Irregular at Magic High School: Visitor Arc Episode 13 at website https://funimationfree.com funimation one piece stampede

The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 8 at Crunchyroll free account crunchyroll